Фото: Илустрација

Штипското Основно јавно обвинителство ќе почне истражна постапка против жител на Свети Николе за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Имено, постои основано сомнение дека осомничениот оваа година на земјоделска површина во селото Стањевци неовластено произвел марихуана.

Во октомври тој ја набрал, ја исушил и ја чувал во куќата во сопственост на татко му. На 7 ноември, при претрес на куќата во Стањевци и помошните простории, полициски службеници пронашле вкупно 834 грама марихуана во повеќе пакувања, како и семки што потекнуваат од растението канабис.

По предлог на јавен обвинител, Основниот суд во Штип на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.​​