Жител на Струшкото село Октиси во дворот одгледувал стебла од канабис, а при претрес на неговиот дом пронајдена била и марихуана, соопшти СВР Охрид.

По извршениот претрес во домот на Н.Р (34) од Октиси, како што е наведено во соопштението, во дворот пронајдени и одземени се саксии со стебла од растителниот род Cannabis и дрога марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Струга поднела кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Н.Р. поради сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.