Вчера, во 15 часот, во СВР Велес било пријавено дека додека патничко моторно возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од З. А. (48) од Неготино, преминувало преку Дренска Река кај село Дрен, Демиркаписко, почнало да навлегува вода во возилото, при што од него успеале да излезат возачот З. А. и сопатникот И. Т. (55) од Неготино, а вториот сопатник, А. П.(65) од Неготино, не успеал да излезе.

Утрово по течението на реката било пронајдено телото, информира полицијата.