Шеесет и четиригодишниот К.М. од село Костурино, Струмичко, вчера околу 18.30 часот се превртел од трактор и починал на самото место.

Како што соопшти МВР, во СВР Струмица било пријавено дека настанот се случил кај место викано „Голаш“ над село Костурино.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.