Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Дебар, заболен од коронавирус, кој наместо да седи во изолација бил затекнат во возило.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе пријава против Р.Д. (61) од Дебар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 1 ноември Р.Д. бил затекнат во паркирано возило, со што постапил спротивно на решението за лекување и домашна изолација издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Во друг случај е поднесена пријава против жител на Делчево кој имал решение за изолација, а бил затекнат како управува автомобил.

На 17 октомври на Булевар Македонија во Делчево, полициски службеници запреле автомобил „опел” во кој бил Е.Д. (34) на кој со решение од 09 октомври од Министерството за здравство му била изречена мерка „здравствен надзор и домашна изолација” во траење од 14 дена.