Струшката полиција вчера го привела 45 годишниот П.К. од селото Велешта поради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“.

СВР Охрид соопшти дека лицето било приведено околу 19 часот и 30 минути, пред казино лоцирано на улицата„ Маршал Тито“.

Претходно, како што појасни портпаролот на СВР Охрид Стефа Димоски, П.К.  влегол во казиното и со заканувачки зборови, од благајникот побарал пари по што, почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата.

Неговиот агресивен однос продолжил и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале. Кон нив упатувал серија закани и навреди, фрлал со предмети при што го оштетил предното стакло од полицискиот автомобил. Во еден момент, П.К. ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека ќе ја активира бомбата што ја носел, изјави Димоски.

Со брза реакција на полицијата, додаде, тој бил совладан и лишен од слобода.