Жител на струмичкото село Баница вчера нападнал продавачка зашто не му дала пиво на одложено плаќање. Револтиран физички го нападнал и нејзиниот сопруга, а потоа со уште неколку лица ја демолирале продавницата.

МВР соопшти дека Л.В. (33) од с.Баница синоќа пријавила дека околу 16.00 часот, додека работела во продавница, дошол К.Р. (20) и физички ја нападнал. Тој побарал пиво на одложено плаќање, но откако не му дала почнал да ја навредува, по што физички ја нападнал. Потоа, пред продавницата дошол нејзиниот сопруг, а К.Р. го нападнал и него. Тие успеале да го истуркаат К.Р. од дворното место, но по кратко време се вратил со уште неколку непознати лица кои носеле камења, стап и секира и почнале да ја демолираат куќата, продавницата и возилата паркирани пред неа и при тоа им нанеле телесни повреди на Л.В., нејзиниот сопруг, свекорот и уште двајца нивни роднини.

Во врска со случајот приведени се К.Р. (20),  А.Р. (26), Д.Р. (25), сите од с.Баница, и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.