Изутринава во СВР Велес било пријавено дека во нивниот дом на ул.„Ѓорги Војтех“ биле пронајдени починати К.М.(79) и В.М.(53), без траги на насилство.

Според пријавеното, станува збор за мајка и син, и двајцата со здравствени проблеми, кои последен пат биле видени од соседите во јануари.

По наредба на Јавен обвинител телата се предадени на обдукција, информира полицијата.