Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот, се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.

– Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници – велат од министерството.