Шеесет и тригодишна жена била тешко повредена вчера на Бит Пазар кога била удрена од мотоцикл, управуван од непознато лице, кое го напуштило местото на несреќата.

Полицијата соопшти дека вчера во 13:26 часот, вработени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавиле дека кај нив била донесена В.К.(63) од село Кучевиште, скопско, со нанесена тешка телесна повреда од сообраќајна незгода на Бит Пазар, во која била удрена од мотор управуван од непознато лице, кое го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.