Во претпладневните часови на 13 јули во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на улицата „8 Октомври“ настанал пожар во куќа сопственост на 57-годишна жена, која како последица на пожарот починала.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа во Крива Паланка, а полицијата работи на расчистување на случајот.