Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

Како што соопшти МВР, пред неколку дена во домот на таткото на пријавената во Скопје, таа физички ја нападнала В.П.А.(68) од Скопје, која живеела во заедница со нејзиниот татко, при што ѝ нанела тешка телесна повреда.