Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово.

Според информациите на МВР, околу 10.50 часот било пријавено дека во близина на добарскиот натпатник, кај месноста Еребино, патничко возило „тојота рав“, со американски национални ознаки, управувано од Ф. Л. (45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот.

Во несреќата Ф. Л. добила тешки телесни повреди, од кои починала на местото на несреќата.