Вчера во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на депонијата „Мелци“ – Кавадарци била пронајдена експлозивна направа.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за артилериско зрно 75мм.

Од страна на одговорно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната за понатамошна постапка, велат од МВР.