Едно лице е потешко, а десет се полесно повредени во осум сообраќајки што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Во истиот период се случиле уште две сообраќајки во кои е причинета само материјална штета.

Санкционирани се 23 возачи за брзо возење, а исклучени од сообраќај се еден возач кој бил под дејство на алкохол, двајца пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач почетник.

Сообраќајната полиција издала 52 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 74 возила.

На црвено светло поминале шест возачи, а четворица не поседувале зимска опрема во возилата.