Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа која се случи кај местото викано Просеченик кај село Псача во општина Ранковце, на магистралниот пат А2, Куманово -Крива Паланка, поради што и сообраќајот е во прекин од 13:45 попладне.

Се судриле автомобил и камион, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот.

– До незгодата дошло кога патничко моторно возило марка пасат, со бугарски регистарски таблици управувано од П.Н. роден 1970 година движејќи се во насока кон Крива Паланка изгубил контрола и удрил во товарно моторно возило, марка Мерцедес, со албански регистарски таблички, управувано од А.А. роден 1972 година, кое се движело во спротивна насока – изјави Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.