Фото: Илустрација

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи паднал на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 11.30 часот, информира МВР. Во хеликоптерот се наоѓале пет лица од кои едно е полесно повредено. Засега не се познати причините за несреќата.

– Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Меѓународниот Аеродром Скопје, од кога наполнил гориво, хелихоптер на МВР М 17 од засега непознати причини при полетување паднал. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди – информираат од МВР. М.Ж.