Едно лице е тешко повредено вчера во Прилеп, кога автомобил удри во моторцикл.

Од МВР информираат дека сообраќајката се случила на крстосницата од улица „Марксова“ и улица „Самоилова“ во Прилеп, помеѓу патничко моторно возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А.(36) од Прилеп и моторцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.Д. (24) од Прилеп.

Во незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.