Едно лице загина вчера во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес.

-На автопатот Скопје – Велес вчера во 12.30 часот, К.М.(33) од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и се превртел – информираат од МВР.

Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес. Извршен е увид на местото на настанот.