Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат Дебар-Маврово.

Според првичните информации, во сообраќајната несреќа учествувале камион со приколка и автомобил со скопски регистерски ознаки.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека во моментов сообраќајот се одвива по една лента наизменично, откако претходно беше во целосен прекин.