Во судир на два автомобили синоќа во Штип, повредено е едно лице.

Според информациите, до несреќата дошло кога на ул.„Велко Влаховиќ“ во близина на мост на реката Брегалница, се судриле автомобил „фолксваген Т-Рок“ управуван од З.С.(46) од Штип и „фолксваген поло“ управуван од Ј.П.(56) од Штип.

По несреќата возачот Ј.П. е пренесен во клиничка болница-Штип каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Штип.