Осумнаесетгодишно момче од Кочани загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на регионалниот пат Пробиштип–с.Крупиште. Во несреќата тешко се повредени и две други лица, едното на 17-годишна возраст и И.А.(18) од село Облешево, општина Чешиново-Облешево, кои биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Според информациите од МВР, момчето изгубило контрола над возилото и излетало од патот.

Другите двајца сопатници Ф.Д. (18) и Д.Г. (18) од село Облешево, општина Чешиново-Облешево се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип. Телото на починтиот е предадено на обдукција.