Фото: Илустрација

Едно лице загина, а има и повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации СВР Охрид.

Автомобили „голф“ и „тојота“ се судриле кај село Врбјани околу 19 часот.

Полицијата вршеше увид, при што сообраќајот беше пренасочуван по новиот пат. На патот има голем застој и долга колона на возила.