Седум лица, меѓу кои и деца, се евакуирани од зградата во Кисела Вода кај „Расадник“ во која попладнево избувна пожар.

Еден по еден пожарникарите ги извлекуваа станарите што останаа заглавени во своите домови по избувнувањето на пожарот.

Станот на петти кат, во кој избувна пожарот, бил празен.

Огнот речиси два часа го гаснеа 25 пожарникари со 10 возила од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, а на терен се и екипите на полицијата и брзата помош.

Засега не се познати причините за пожарот.