Две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години од с. Ракле се евакуирани поради опасност од пожар на ова подрачје, информираат од МВР.

Во полициското соопштение се вели дека денеска околу 14 часот, добиле пријава во ОВР Прилеп дека во с. Ракле има две неподвижни лица, кои се во опасност поради настанат пожар.

Полициските службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото и за кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син.

Ка.М.