Фото: Игор Бансколиев

Адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува Бојан Јовановски во „Рекет”, посочи дека преку посредници до неговиот клиент пристигнуваат притисоци и закани. Тој кажа дека заканите се порачани од високи претставници во државава, но не посочи дали се политичари.

– Секојдневно има закани и притисоци од надворешни лица. Не е херметички затворен затворот „Скопје“. Тој најдобро знае од каде доаѓаат. Доаѓаат преку посредници. Не можеме да кажеме дали се политичари. Високи претставници се – рече Дуковски.

Адвокатот се жалеше и бидејќи Јовановски е единствено притворено лице од случајот „Рекет”. Тој кажа дека треба да се намали мерката за да може да се подготвува квалитетна одбрана.

– Морам да укажам и да ја информирам јавноста дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. Јовановски има нееднаква положба со другите учесници во овој кривично правен настан. Сметам дека притворот треба да се смали на најблага можна мерка. Секое месечно продолжување на притворот е со исти и еднакви образложенија. Човекот се наоѓа во животно загрозувачка состојба – рече Дуковски.