Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по денешното рочиште посочи дека е дискриминација што неговиот клиент и првообвинет во „Рекет“ сè уште е во притвор.

– Дали не ви личи на дискриминација, двајца се со поблаги мерки, а најболниот во овој предмет е со судски притвор. Секогаш истите образложенија, семејна состојба, опасност од бегство. Не знам што ќе одлучи Апелациониот суд за притворот, но не ми е јасно зошто се продолжува притворот – рече Дуковски.

Тој го дообјасни Јовановски, дека бараат меѓународна медицинска еваулација на досега извадените документи и прегледите.

– Дадени се во неколку странски земји, во Србија и во други земји, согласно ЗКП имаме право да го дадат своето мислење. Ете тоа е евалуација од друга земја – рече Дуковски.