Против 22-годишен државјанин на Албанија поднесена е кривична пријава бидејќи нападнал полицајци, кои го сопреле со возилото.

– Тој на 11 октомври, околу 14 часот, на улицата Партизански одреди во Струга, вербално и физички им се спротивставил на полициските службеници, кои го сопреле патничкото возило ‘мерцедес’, со албански национални ознаки, што го управувал, и презеле службени мерки кон две други лица во возилото, кои немале документи за идентификација – велат од МВР.