Дрво паднало врз 57-годишна жена во Струшко, кај местото викано „Мезериште“.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, каде што подлегнала на повредите, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Jавен обвинител, телото било предадено на обдукција.