Четириесет и шестгодишениот С.С. вчера попладне бил нападнат од кучиња-скитници на улицата Бранко Заревски во скопската населба Драчево.

Вечерта во 19,20 часот од страна на Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Полициската станица Драчево било пријавено дека кај нив се јавил на преглед С.С.(46) кој пријавил дека истиот ден околу 13,50 часот на улицата “Бранко Заревски“ бил нападнат од неколку кучиња-скитници кои го каснале на левата и десната потколеница.