Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на денешното судење за „ТНТ“, по што, судот ја одложи расправата за уривањето на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цановски.

– Добив известување дека по минатото рочиште бил на доктор и ви го поднесов. Добил документ да не присуствува на рочиште, поради неговата здравствена состојба – рече адвокатот на Трајковски, Јовица Страшевски.

На рочиштето присуствува докторката Викторија Вујиќ, која ќе сведочи за здравствената состојба на Трајковски, без присуство на новинарите.

Во предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, се обвинети и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски.

Првото рочиште за „ТНТ“ се одржа на 24 јануари минатата година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.