Х.В.(63) од село Десово, Ропотово, пријавил дека на место викано Борој, помеѓу селата Дреновци и Десово, додека се движел во шумата, бил погоден од куршум, по што отишол во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде што му била констатирана повреда.

За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.