Фото: Игор Бансколиев

Државната комисија за спречување на корупција не утврдува кривична одговорност, но од етички аспект го покренува прашањето од високо ниво и ќе препорача да се доуредат прописите, соошти претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и депозитот на министерката за финансии Нина Ангеловска. Ивановска додаде дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.

Препораката за доуредување на прописите, според ДКСК, се однесува на меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Министерството за финансиии и остантите регулаторни тела. Се најавува додавање на уредби со кои ќе се регулира судирот на интереси и ќе се предвиди како да се спречи моментот каде што се кажува дека одредени носители на функција имаат можност да располагаат со информации и да ги искористат за себе или да обезбедат корист за некој друг.

Според Ивановска, прв документ на кој стои дека се разговарало за ситуацијата во Еуростаднард банка, бил записникот од 4 јуни. Претседателката на ДКСК посочи и дека во периодот откако Ангеловска е министерка за финансии одржани се два состанока на Комитетот за финансиска стабилност, на 19 март и на 30 април, а записниците, нагласи таа, упатуваат дека се разговарало за Еуростандард банка.

Ивановска потенцираше дека Владата по препорака на ГРЕКО донесе етички кодекс во кој е дефинирано дека членовите на владата и носителите на јавни фукнции особено треба да водат сметка за почитување на Законот за судир на интереси, но и да избегнат сомнеж за постоење судир на интереси, бидејќи, рече таа, јавноста се сензибилизира по ова прашање. Претседателката на ДКСК посочи и дека Законот за Народна Банка во членот н 43 предвидува дека одржување редовни состаноци, а се информираат меѓусебно, односно комуницирањето е уредено и со меморандум, кој во април е дополнет и доуреден. Ивановска информира дека за ДКСК ќе биде приоритет донесување Закон за потекло на имотот.