Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница реши да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура, кој функцијата ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август минатата година, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со договори и анекс-договори склучени на 24 јули 2020 година, во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Предметот бил доставен до ДКСК од Министерството за култура, по заклучок на седница на Владаta одржана на 18 мај. Од министерството било побарано да се изврши контрола на работењето во делот на законската основаност на договорите и анекс договорите склучени на 27 јуни 2020 година. Сите овие дополнителни договори склучени непосредно по завршување на изборите, а се однесуваат по жалби на апликанти. Во посочениот период функцијата министер за култура ја извршуваше Хусни Исмаили.