Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И. А. (54) од с. Требиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Пријавениот, вработен како директор во СОУ „Маврово и Ростуше“, на 2.10.2018 организирал и спровел екскурзија без претходно објавен оглас и недозволено склучил договор со шест автопревозници за изведување на еднодневната екскурзија во Охрид, со што постапил спротивно на член 19, 20 и 21 од Правилникот за начинот на изведување училишни екскурзии.

Исто така, И. А. на учениците за екскурзијата им наплатил цена повисока од реалната, соопшти полицијата.