Двете деца на возраст од четири и седум години, кои вчера во 23 часот со возило на брза помош и во придружба на полиција беа однесени на Клиниката за детски болести Скопје откако претходно биле заклучени во возило, денеска се испишаа од болницата во добра здравствена состојба.

-Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни со уредни витални параметри – соопштија од Детска Клиника.

Оттаму додаваат дека децата биле хоспитализирани на одделот пулмологија Б за обсервација, им биле направени рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот децата биле во стабилна состојба.