Министерката за правда, Рената Дескоска, оствари разговор со новиот косовски министер за правда Селим Селими, преку видео-конференциска врска.

За време на разговорот, беше отворено прашањето за екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и министерката за правда Рената Дескоска истакна дека очекува позитивен одговор од косовските власти на нашето барање за екстрадиција.

Дескоска му честиташе на Селими за назначувањето на министерската функција и изрази надеж за добра соработка.

Таа потенцираше дека искрено посакува европеизација на регионот и дека Министерството за правда на Република Македонија е подготвено да ги сподели искуствата и да помогне во отворањето на преговорите.