Десет лица од Авганистан и Пакистан утрово биле пронајдени на магистралниот пат Штип-Радовиш, на место викано „Шести километар“.

При обид за контрола од полициски службеници на патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, возачот во кое биле превезувани мигрантите го напуштил возилото, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.