Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот.

Како што информираат од СВР Тетово, возачот и мигрантите се приведени за соодветната постапка.

Со возилото управувал 25-годишен маж, со иницијали А.С. од селото Горно Седларце.

Мигрантите се на возраст од 15 до 49 години.