Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според последните информации, десетина граѓани побарале помош откако вдишале чад додека се обидувале да ги спасат куќите и земјоделската механизација. Луѓе со кофи гаснат оган на сите страни и во паника бараат помош.

Во гаснењето на пожарите се вклучи и Армијата. Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани, соопштија од кабинетот на претседателот.