Во Радовиш е прогласен ден на жалост по вчерашната несреќа во рудникот „Бучим“, во која две лица го загубија животот. Јавното обвинителство побара да се изврши обдукција на телата на двајцата алпинисти кои загинаа чистејќи високи силоси за складирање руда, како што пренесуваат повеќе медиуми.

Погребот на посмртните останки на настраданите ќе се изврши денеска на гробиштата во Радовиш. Денеска продолжува и увидот на местото на несреќата.

Засега нема официјални информации за причините за несреќата.