Министерката за регионален развој Виолета Комитова денеска се очекува да ги соопшти резултатите од увидот на патот Драгичево-Долна Дикања каде се случи тешката автобуска несреќа со наши граѓани.

Оттаму најавуваат дека ќе објават дали обележувањето на автопатот Струма може да биде причина за несреќата во која загинаа 45 лица, а 7 се повредени. По трагичниот инцидент, голем број експерти рекоа дека локацијата била компромитирана бидејќи не била поправена откако била пуштена во употреба во 2007 година. Министерката за регионален развој Виолета Комитова назначи увид на патната делница.

Во несреќата животот го загубија 45 лица. Нивните тела ќе бидат пренесени во Македонија најдоцна до петок, со бугарски авион, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.