Фото: Маја Јаневска-Илиева

Мала група луѓе остана да протестира кај надземниот пешачки премин на Бит-пазар. Најголем дел од демонстрантите се разотидоа откако полицијата ги потисна и беа принудени да се вратат до Бит-пазар. Иако се во значително намален број, полицијата сè уште ги чува демонстрантите, во полн состав.

Неколку пати попладнево демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Фрлаа шишиња, запалки, столови кон полиција, а дел од нив, маскирани со фантомки со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но полицијата не им дозволи да се доближат до судовите.

Меѓу демонстрантите имаше и такви кои постојано се обидуваа да ги смират најагресивните. Им објаснуваа да не фрлаат сешто по полицијата оти тие не се виновни, но сè до повлекувањето кон Бит-пазар имаше поединци со фантомки кои се издвојуваа, ја пцуеја полицијата и фрлаа сè што ќе дофатат кон нив.