Фото: Маја Јаневска-Илиева

Јајца, балони со вода, канти за ѓубре и пластични столчиња летаа кон полицајците пред „Мавровка“ во нов обид демонстрантите да го пробијат полицискиот кордон.

Од задните редови на толпата демонстранти во еден момент излезе нова група лица со фантомки и жестоко удри врз полицијата. Освен што маваа со што стигнат се фрлаа и со цело тело во полициските штитови, но не успеаја да го пробијат кордонот.

Една група демонстранти, пак, се обидуваше да ги смири оние што беа најагресивни.

Обидот за пробивање на кордонот не беше успешен, а полицијата во меѓувреме ги консолидираше своите редови и почна да ја потиснува толпата во правец кон Бит-пазар.

На демонстраните не им е дозволен пристап кон судовите, кои беа нивна првична цел, а на местото на настанот може да се забележат и екипи на Брзата помош.