На граничниот премин Делчево во попладневните часови на 12 февруари уапсен бил 58-годишник од делчевското село Звегор бидејќи физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за патен сообраќај и транспорт.

До инцидентот дошло при обид на инспекторот да изврши преглед и контрола на автомобил „опел“, со бугарска регистрација, кој го управувал 58-годишникот.

Фелчевецот бил приведен во Полициската станица за граничниот премин Делчево и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.