Во пожар што избувна попладнево делумно изгоре куќа на улицата „1“, кај стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информира дека добиле повеќе телефонски дојави за пожарот и интервенирале од 17:08 до 18:15 часот со десет пожарникари и четири возила.

Опожарени се 50 метри квадратни и причинета е материјална штета од 100 илјади денари.