Малолетно девојче било силувано од страна на нејзин роднина.

Како што соопшти полицијата, случајот вчера го пријавиле родителите на девојчето.

„Дваесет и тригодишна жена од Скопско и нејзиниот сопруг пријавиле дека нивен малолетен роднина извршил обљуба врз нивната малолетна ќерка. За настанот бил известен Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.