Малолетно девојче било пронајдено удавено во базен во двор од куќа во прилепското село Дебреште.

– На 20.08.2021 околу 13.00 во ОВР Прилеп, од Итна медицинска помош било пријавено дека во базен во двор на Е.Н.(45) во с.Дебреште, прилепско, била пронајдена удавена неговата малолетна ќерка – соопшти МВР.

Смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.