Шеснаесет годишно девојче успеало да се спаси од силување во село во околината на Виница, соопшти МВР.

Според истиот извор, во понеделникот во периодот од 14 до 14.30 часот во атар на селото, додека 16-годишно девојче ги напасувало овците, непознато лице се обидело да ја силува. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.