Вчера во 15.00 часот во Тетово на ул. „Јане Сандански“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Ц.(34) од Тетово удрило во малолетен пешак од Тетово.

Во незгодата, како што информират од МВР, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.